Леброн: Дојдов во Ел-Еј за кошарка, не за снимање филмови

Леброн Џејмс е подготвен за новиот предизвик во кариерата, по одлуката да си замине од Кливленд и да потпише договор со Лос Анџелес лејкерс. Реалноста е дека „езерџиите“ со играчкиот кадар сериозно заостануваат зад шампионот Голден стејт вориорс, па Леброн ќе мора да се адаптира со амбициите – дека битката за титулата овојпат ќе биде недостижна.

Треба да сме искрени од почеток, далеку сме од Голден стејт и не треба да создаваме лажна слика. Мораме да се фокусираме на нас самите, од ден на ден да напредуваме, за еден ден да се најдеме во ситуација да се бориме за титулата. Тоа го правеше и Голден стејт во минатото и успеа да се искачи на тронот. Навистина, постои само еден шампион на лигата, но тоа не значи дека сите останати не се успешни во она што го прават. Ние ќе си ја гледаме нашата работа, да напредуваме на секој тренинг, на секој натпревар, за на крајот од сезоната да бидеме задоволни од она што сме го направиле како тим“ – истакнува Џејмс.

„Кралот“ Џејмс се уште стои на ставот дека го донел вистинскиот избор со одлуката кариерата да ја продолжи токму во дресот на лејкерси, тим што ќе се обиде да го врати на победнички патеки.

Дојдов во Лос Анџелес за кошарка, а не за снимање филмови. Јас сум кошаркар, тоа е она што го правам и верувам дека можам да го правам добро и во дресот на лејкерси“ – дециден е Леброн Џејмс.

Се вчитува...