Леброн ги помести границите на кошарката, но залудно – Бруката на Лејкерс продолжува во НБА

Леброн Џејмс ја надмина бројакта од 10.000 асистенции, тој е единствениот играч во историјата кој постигнал 30.000 поени и има над 10.000 асистенции и скокови. Сепак, сето тоа останува само како мала утеха за Лејкерс.

Леброн запиша 31 поен, но залудно, Санс ги растури Лејкерси, откако остварија убедлива победа од 140-111. Букер броеше до 30, Итон додаде 23 коша и имаше 16 скока.

Од останатите натпревари Атланта победи во многу важен натпревар против Индијана (131-128). Кошаркарите на Хокс се чини дека ја најдоа победничката форма на домашен терен, победувајќи на 13 од последните 15 натпревари на југот. Дури седум играчи беа двоцифрени, меѓу нив и Богдановиќ со 11 поени, кој додаде 6 асистенции и 3 скока. Треј Јанг беше најдобар, постигна 33 поени во првото полувреме, па на овој начин имаше најголем придонес во големата победа на Атланта против Индијана.

РЕЗУЛТАТИ:

Бруклин – Њујорк 110:107

Детроит – ЛА Клиперс 102:106

Бостон – Далас 92:95

Орландо – Филаделфија 114: 116

Атланта – Индијана 131: 128

Њу Орлеанс – Хјустон 130: 105

Оклахома – Мемфис 118:125

Феникс – ЛА Лејкерс 140: 111

Се вчитува...