Леброн ги предводеше Лејкерси до победа, Милвоки го порази Орландо

Кошкарите на ЛА Лејкерс победија на гостувањето во Хјсутон со 123:132. Лејкерси триумфираа благодарение на одличната игра во третата четвртина, која ја добија со девет разлика, како и последната која им припадна со +4. Драматично беше во последниот перидо кога Хјустон на два пати успеа и да стигне до „егал“ (111:111 и 115:115), но благодарение на одличниот финиш, Лејкерси на крајот ја однесоа победата. Леброн Џејмс со 32 поени го предводеше својот тим до победа, а мечот го заврши со „трипл-дабл“ со 11 скокови и 11 асистенции. Го следеше Монк со 25 поени.

Милвоку убедливо го надигра Орландо со 127:110, и покрај сјајната игра на Франц Вагнер кој постигна рекорд на кариерата. Вагнер на крајот уфрли 37 поени, и со Шекил О’Нил и Денис Скот стана третиот „руки“ кој успеал да постигне толку или повеќе поени. Рамноправно беше во текот на првиот дел, а потоа гостинскиот тим на Милвоки ја презеде инцијативата во вториот дел и дојде до предност.

Адетокунбо со 28 поени го предводеше својот тим до победа, а го следеа Мидлтон со 21.

Филаделфија на гости беше подобра од Торонто со 114:109. Гостите во последната минута ја обезбедија победата откако Џоел Ембид и Тобахас Херис погодија за триумф. Ембид постигна 36 поени.

РЕЗУЛТАТИ:

Орландо – Милвоки 110-127
Мајами – Вашингтон 119-112
Торонто – Филаделфија 109-114
Хјустон – ЛА Лејкерс 123-132
Минесота – Њујорк 88-96
Њу Орлеанс – Кливленд 108-104
Голден стејт – Денвер 86-89
Сакраменто – Оклахома 117-111

Се вчитува...