Леброн и Дурант ги одбраа тимовите за „Ол-стар“ натпреварот

Капитените на тимовите за „Ол-стар“ викендот во Кливленд, Леброн Џејмс и Кевин Дурант ги одбраа играчите со кои ќе настапат.

Леброн Џејмс кој доби најмногу гласови па поради тоа имаше право прв да бира. Во првиот тим заедно со „ѕвездата“ на Лос Анџелес ќе бидат, Јанис Адетокумбо, Стеф Кари, Демар Дерозан и Никола Јокиќ. Замени се Џими Батлер, Лука Дончиќ, Дариус Гарланд, Џејмс Харден, Донован Мичел, Крис Пол и Фред Ванвлит.

Дурант кој нема да настапи на „Ол-стар“ натпреварот поради повреда, мораше да избере уште еден играч кој ќе го замени него во стартната петорка. Па така друштво на Џоел Ембид, Џа Морант, Ендрју Вигинс и Тре Јанг, ќе им праи Џејсон Тејтум. Покрај Дјурант на „Ол-стар“ мечот нема да настапи и Дрејмонд Грин, а нивни замени се Деонте Мареј и Ламело Бол, а на клупата на почетокот на мечот ќе бидат и: Девин  Букер, Руди Гобер, Зак Лавин, Крис Мидлтон и Карл Ентони-Таунс.

 

Се вчитува...