Леброн „кралски“ – 56 поени против Вориорс за конечно победа на Лејкерс (ВИДЕО)

Леброн Џејмс ја одигра една од најдобрите партии во кариерата во победата на неговите Лос Анџелес Лејкерс над Голден Стејт Вориорс од 124-116.

„Кралот“ натпреварот го заврши со 56 поени, што е неверојатен учинок за 37 годишникот на кого рекордот за најмногу поени е 61. Кај поразените недоволни беа 30 поени на Стеф Кари.

Во останатите натпревари од синоќешната понуда: Далас – Сакраменто 114-113, Шарлот – Сан Антонио 123-117, Мајами – Филаделфија 99-82, Мемфис – Орландо 124-96 и Минесота – Портланд 135-121.

Се вчитува...