Леброн не е задоволен со само 71 ден одмор

НБА сезоната и официјално започнува на 22. декември, што значи дека паузата за одмор која ќе ја имаат тимовите кои играа финале ќе биде само 71 ден, што е најкратка пауза во историјата на лигата, но воедно и најкратка во сите прволигашки спортови во САД.

 

На оваа одлука не се израдува најкорисниот играч на финалната серија, Леброн Џејмс, кој со 35 години ќе влезе во својата 18 НБА сезона.

Се вчитува...