Леброн повторно ги „извлече“ Лејкерс, Филаделфија може и без Ембид и Харден (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс на гостувањето го совладаа Кливленд со 131-120, а до победа ги водеше Леброн Џејмс. Од неделата вториот најдобар стрелец на сите времиња, запиша трипл-дабл со 38 поени, 12 асистенции и 11 скокови. Иако не можат да се пофалат со добра форма, „езерџиите“ во Кливленд направија мини изненадување.

Заслужни за триумфот беа и Огасти и Вестбрук кои стигнаа до 20 поени. Гарланд со 29 поени беше најефикасен кај домашните кошаркари.

И покрај тоа што настапија без Џоел Ембид и Џејмс Харден, Филаделфија на свој терен беше подобра од Мајами со 113-106. Најефикасен беше Тајриз Макси со 28 поени, од кои 13 во поселдната четвртина.

Далас Маверикс ја прекинаа серијата на Минесота од четири победи по ред. Тимот од Тексас испушти предност од 16 поени, на крајот беа стигнати и можеа да бидат поразени, но во финишот имаа повеќе концетрација и среќа. Одлучувачкиот момент се случи на 40 секунди до крајот кога Булок погоди тројка. Во продолжението Дончиќ не реализираше обид за три, но тоа не ги чинеше многу домашните кошаркари, затоа што Беверли стана трагичари и ги промаши двете слободни фрлања.

РЕЗУЛТАТИ:

Шарлот – Њу Орлеанс 106:103
Кливленд – ЛА Лејкерс 120:131
Детроит – Портланд  115:119
Бруклин – Јута 114:106
Филаделфија – Мајами 113:106
Чикаго – Торонто  113:109
Хјустон – Вашингтон 115:97
Оклахома – Бостон123:132
Далас – Минесота 110:108

Се вчитува...