Леброн: Се каам што на синот му го дадов моето име

Да се биде наследник на еден од најголемите спортисти на сите времиња секако е добра работа, но Леброн Џејмс сепак жали за една работа кога е во прашање неговиот син.

„Жалам што на мојот 14-годишен син му го дадов моето име“ – вели Леброн, кој со сопругата Савана, со која е во врска уште од средношколските денови, има два сина и ќерка, а и Брус Максимус, како Леброн Џејмс 2, исто така одлучи да оди по стапките на својот татко.

Брони важи за еден од најголемите таленти во својата генерација, татко му Леброн редовно го гледа, а постојано истанува дека ултимативна цел му е во животот еден ден заигра во НБА заедно со наследникот…

„Минатото лето беше прво во кое имав време да ги гледам моите момци како играат кошарка… Да можам на мир да седнам и ништо да не ми смета. Бев сигурно на пет-шест нивни турнири ширум земјава“ – вели Леброн Џејмс.

Како и да е, општ впечаток е додека го гледате најстариот син на Леброн како игра кошарка, е дека крушата не паѓа далеку од дрвото. Едноставно неверојатно е колку неговата игра е слична на се она што го работи Леброн Џејмс речиси две децении…

Се вчитува...