Леброн се враќа за клучните натпревари на Лејкерс

Леброн Џејмс ќе му биде на располагање на Лос Анџелес Лејкерс за клучните натпревари од сезоната во кои 17-кратниот шампион ќе се бори за влез во разигрувањето за титула, потврди тренерот Дарвин Хем.

„Кралот“ е надвор од терените по повредата во дуелот со Далас, но рехабилитацијата оди во права насока, а тој и веќе е дел од подготовките за натпреварите.

„Тоа што тој не е дел од тимот ни покажа дека имаме и други решенија и играчи кои се способни на двете страни на теренот и кои можат да ни помогнат да ги оствариме целите кои ги зацртавме. Кога тој ќе се врати само ќе добиеме поголем квалитет на се тоа и верувам дека ќе се избориме за плеј-оф“, вели Хем.

Лејкерс кои имаат скор од 35-37 се на делба на 10. позиција која носи место во плеј-инот, но во исто време се и на еден натпревар заостаток од шестата позиција која носи директно место во плеј-офот.

Се вчитува...