Леброн се врати и донесе победа за Лејкерс (ВИДЕО)

Изминатата ноќ во НБА лигата се одиграа шест натпревари. Леброн Џејмс по повредата се врати во таборот на Лос Анџелес Лејкерс во победата над Њујорк Никс на домашен терен од 122-115 по продолженија. „Кралот“ мечот го заврши со трипл-дабл учинок од 29 поени, 13 скока и 10 асистенции.

Одличен во редовите на „езерџиите“ беше и Ентони Дејвис кој заврши со 28 поени. Кај поразените не доволни беа 36 поени на РЏ Берет.

\

Феникс Санс продолжува со одличните партии сезонава. Овојпат на менито на „сонцата“ беше Вошингтон кој го совладаа на гостински терен со рутински 80-95. Деандре Ејтон со 20 поени беше најефикасен кај победникот, додека кај поразените Монтрезл Херел заврши со 15.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Орландо – Мемфис 115-135, Шарлот – Мајами 86-104, Портланд – Милвоки 108-137 и Сакраменто – Оклахома 113-103.

Се вчитува...