Леброн не ги заборава Коби и Џиџи (ФОТО)

Леброн Џејмс одлично се прилагоди во Лос Анџелес, по десет години ја врати титулата во „градот на Ангелите“ , а сега е спремен и за „втора во низа“. Суперѕвездата на ЛА Лејкерс не го заборава својот добар пријател Коби Брајант, кој го загуби животот заедно со својата ќерка Џијана (Џиџи) во хеликоптерска несреќа на почетокот од годинава.

Леброн се појави на претсезонскиот тренинг на Лејкерс и тоа со маичка посветена за трагично загинатите Коби Брајант и неговата ќерка Џијана.

Гестот на Леброн доаѓа и по освојувањето на наградата „Личност на годината“ која ја доделува спортскиот магазин „Спортс Илустерјтед“, трет пат во својата кариера.

Се вчитува...