Леброн со уште еден рекорд во историјата, нов „трипл-дабл“ на Јокиќ (ВИДЕО)

ЛА Лејкерс загуби синоќа од Мемфис со 108-95 во еден од трите натпревари од НБА лигата, во натпревар кој, сепак, мина со уште еден рекорд на Леброн Џејмс.

Леброн со 20 поени, 10 скока и 11 асистенции стана само петтиот кошаркар во историјата со 100 „трипл-даблови“, по соиграчот Расел Вестбрук, Џејсон Кид, Меџик Џонсон и Оскар Робертсон.

Мемфис, пак, до триумфот дојде предводен од Џарен Џексон со 25 поени, додека кај ЛА Лејкерс, Ентони Дејвис запиша 22 поени.

Хрватот Бојан Богдановиќ постигна 14 поени и и помогна на Јута да дојде до шестата едноподруго победа, што е втора најдобра актуелна низа во лигата.

Јута во Филаделфија славеше со 96-118, предводена од Донован Мичел со 22 поени и Руди Гоберт со 17 поени и 21 скок.

Никола Јокиќ го запиша, пак, деветиот трипл-дабл сезонава, втор едноподруго и 62. во кариерата. Но ниту тоа не беше доволно ослабениот Денвер да го избегне поразот од Сан Антонио од 123-111. Спарси до победата беа предводени од Дерик Вајт со 23 поени и Лони Вокер со 21 поен.

Се вчитува...