Леброн Џејмс изминатово лето го шокираше кошаркарскиот свет со преминот во ЛА Лејкерс, но навивачите на „езерџиите“ се надеваат дека нивниот тим повторно ќе го гледаат во битка за највисок пласман во најсилната светска лига.
Во редовите на Лејкерси стигнаа уште неколку искусни поединци како МекГи, Рондо, Стафансон…, а задржани се во тимот Лонзо Бол, Инграм и Харт. Секако дека се има ростер кој може да носи успеси во НБА лигата.
Но, за да не биде се така идеална, како што пренесуваат американските медиуми, ете се погрижи Леброн кој најави дека во дебито во дресот на ЛА Лејкерс ќе носи специјални патики во боите на неговиот претходен клуб, Кливленд.
„Кралот“ со тој потег сака да се оддолжи на својот матичен клуб. Но, сето тоа разбирливо наиде на сериозно негодување кај навивачите на Лејкерси, па Леброн преку социјалните мрежи уште незаиграл во новиот клуб а веќе се судри со фановите на „езерџиите“….
.@KingJames is expected to wear the Nike LeBron 16 “King” colorway for season opener ?? pic.twitter.com/tiq1WmoiJW
— B/R Kicks (@brkicks) September 25, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА