Лече со бод вреден три против Специја

Фудбалерите на Лече одиграа без голови реми 0-0 на домашен терен против Специја во првиот натпревар од денешната понуда од 36. коло.

И покрај ремито Лече и тоа како мора да биде среќен од овој резултат бидејќи остана непоразен против еден од двата директни ривали за избегнување на 18. место последно кое води во Серија Б следната сезона.

Со овој бод Лече во моментов има 33 бода, односно два повеќе од денешниот противник, додека Верона во моментов е 18. со 30 бода.

 

Се вчитува...