Легенда на Арсенал застана во одбрана на Џака

Конфликтот со навивачите во завршницата на дуелот со Кристал Палас премногу скапо го чинеше Гранит Џака. Швајцарецот е отстранет од тимот, остана без капитенската летна и во јануари најверојатно ќе биде продаден, додека во меѓувреме константно е цел на напади од страна на бројни фудбалски аналитичари. Првиот кој јавно застана во одбрана на Џака е клупската легенда на Арсенал, поранешниот капитен на „топчиите“ Патрик Виеира.

„Жал ми е за Џака, бидејќи беше капитен. Минува низ тежок период во кариерата и тежок период во кој се наоѓа самиот клуб. Сепак, мораме да се сетиме на сето она што Џака го даде за клубот, да се потсетиме дека тој неслучајно ја доби капитенската лента. За сето свое залагање низ годините заслужува максимална почит. Сега игра под очекувањата, а кога тоа се случува се појавуваат фрустрации, се кажуваат работи за кои подоцна ќе се каете. Ме разочарува што гледам толку многу поранешни фудбалери кои веднаш го нападнаа Џака, тоа е најлесно од се, но треба да се гледа и на сето она позитивно што го направил за Арсенал откако е член на клубот“ – изјави Виеира.

Останува да се види колку овие зборови на Виеира ќе допрат до Унаи Емери и управата на Арсенал, па ќе дојде до пресврт во ситуацијата и за Џака ќе има иднина во дресот на „топчиите“.

Се вчитува...