Пеп Гвардиола во неколку наврати потенцираше дека би сакал да го има Лионел Меси во Манчестер сити. По најавата за заминување од Барселона, се чини, и Меси е отворен за таа опција.
Но, во исправноста на една таква одлука на Манчестер сити за ангажман на аргентинскиот фудбал се сомнева легендата на Ливерпул, Џејми Карагер.
„Би било убаво Меси да го гледаме во Премиер-лигата. Не збор околу тоа. И јасно е дека единствено место каде би можел да оди е во Сити, поради заедничката историја со Гвардиола и поради финансиската моќ на клубот. Но, неговото доаѓање во Сити не верувам дека ќе донесе некои огромни позитивни работи за тој клуб. Меси нема да ги направи ‘граѓаните’ непобедливи. Барселона со него долги години веќе не освојува титули. Тој е на залез на кариерата“ – искрен е Карагер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА