Легендарeн англиски фудбалер нова жртва на Ковид-19

Легендата на Лидс Јунајтед и освојувач на Светското првенство со Англија во 1966 година Норман Хантер ја загуби борбата со коронавирусот. Хантер беше хоспитализиран минатиот петок поради влошената здравствена состојба, а по една недела борба со смртоносниот вирус тој го загуби животот.

Хантер во дресот на Лидс Јунајтед забележа 560 натпревари на кои 18 пати се забележа во листата на стрелците. Освен за Лидс настапуваше и за Бристол Сити и Барнли пред да стави крај на кариерата во 1982 година.

Хантер беше дел од единствената златна генерација на Англија која во 1966 година на домашен терен се радуваше на титулата од Светското првенство.

Се вчитува...