Легендарен израелски кошаркар става крај на кариерата

Поранешниот кошаркар на Макаби, Гај Пнини, објави дека ставил крај на својата играчка кариера.

Пнини имаше договор со Макаби до крајот на следната сезона, но реши да се пензионира и да премине во стручниот штаб на израелскиот шампион.

„Денеска завршува важна фаза во мојот живот, бидејќи решив да се повлечам. Се сеќавам кога имав шест години сакав да го облечам дресот на Макаби. Сè уште сум тоа момче во срцето. Сакав да продолжам да играм, но моето тело рече дека е доста. Во овој клуб доживеав големи моменти на среќа и тага, но решив да го завршам патувањето“, изјави Пнини на прес-конференција. 

Пнини минатата година се врати во Макаби, а за клубот од Тел Авив играше од 2009 до 2017 година. Покрај тоа, тој играше за Макаби Ранана, Бнеи Хашарон, Хапоел Ерусалим, ФМП, Керавнос и Хапоел Холон. Со клубот од Тел Авив освои четири шампионски титули на Израел, како и Евролигата во 2014 година.

Се вчитува...