Легендарната Бланка Влашиќ се омажи и ќе стане мајка

Една од најдобрите хрватски спортистки во историјата Бланка Влашиќ (38) објави фотографии од својата венчавка, а додаде и дека до крајот на годината со нејзиниот сопруг го очекуваат и своето прво дете.

Прославената атлетичарка во понеделникот во Сплит го кажала судбоносното „ДА“ на белгискиот спортски новинар, Рубен ван Гухт (35). Новопечениот брачен пар до крајот на годината ќе го добие и својот прв син.

Влашиќ кариерата ја заврши минатата година поради повреда на ахиловата тетива. Освои златни медали на сите големи натпреварувања, освен олимписките игри каде во 2008 година само еден неуспешен скок ја спречи да стигне до најсјајното одличје на игрите во Пекинг.

Се вчитува...