Легендарниот Ајзеа Томас му фати „сеир“ на Доналд Трамп

Легендарниот кошаркар на Детроит Пистонс, Ајзеа Томас на друштвените мрежи го исмејуваше се уште актуелниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп. Се поизвесно е дека Трамп со поразот во Пенсилванија ќе ги загуби изборите, нешто со што воопшто не може да се помири.

Неговите изјави се предмет на исмејување, а на една од нив реагираше и легендарниот кошаркар кој беше дел од „лошите момчиња“ во Детроит.

„Трамп е како кошаркар кој има лоша вечер па одлучува да ја земе топката и да ја напушти салата“, напиша Томас. 

Џон Бајден е се поблиску до освојување на доволниот број електорати за триумф, а се очекува во текот на ноќта да прогласи победа, откако веќе се поизвесно е дека ќе триумфира во сојузната држава Пенсилванија.

Се вчитува...