Легендарниот Билиќ е нов кормилар на Вотфорд (ФОТО)

Легендарниот хрватски стратег, Славен Билиќ, официјално стана нов тренер на англискиот второлигаш Вотфорд.

Тој доаѓа на местото на Роб Едвардс, кој доби отказ по само десет кола во Чемпионшип лигата. Хрватот е дури 20. предводник од клупата во последните 12 години.

Само во минатата сезона во овој тим работеа тројца тренери и тоа Чиско Муњоз, Клаудио Раниери и Рој Хоџсон, но не беше избегнато испаѓањето од Премиер лигата.

Вотфорд во моментов е десеттопласиран во втората англиска конкуренција со 14 бода, со еден бод зад местата кои водат во плејофот.

 

 

 

Се вчитува...