Легендарниот Буфон ги објасни нештата: По доаѓањето на Роналдо, Јувентус го загуби својот тимски ДНК

Легендарниот Џанлуиџи Буфон е последниот во низата кој зборува за сите проблеми кои постоеја во Јувентус по доаѓањето на Кристијано Роналдо.

Според Буфон, по доаѓањето на Роналдо во клубот, играчите не ја чувствувале истата одговорност во формирање на група која би се жртвувала на терен.

„Јас лично две години добро соработував со Роналдо, но мислам дека Јувентус го загуби својот тимски ДНК, а тоа е многу важно во фудбалот. Во 2017 дојдовме до финалето во ЛШ затоа што бевме искусен тим, но пред се беше тоа и жестока конкуренција за првиот тим. Сето тоа го загубивме по доаѓањето на Роналдо. Тимот се загуби затоа што Роналдо не се вклопи на начин на кој е потребно за еден тим“ – вели Буфон.

А, за проблемите по доаѓањето на Роналдо претходно зборуваше и Леонардо Бонучи.

„Мислам дека играчите не чувствуваа повеќе одговорност на терен затоа што како да оставаа таа да ја преземе комплетно Роналдо. Да, точно е дека Роналдо донесе нешто дополнително за тимот, но сите друго почнаа да паѓаат во секојдневната работа, во скромноста, во пожртвуваноста. Како да се уништи електрицитетот на тимот“ – истакна Бонучи.

Се вчитува...