Легендарниот Чави сака да биде селектор на Катар на СП 2022

Чави Хернандез и во својата 37.година од животот игра фудбал во катарскиот Ал Сад, но набрзо планира да отпочне тренерска кариера. Легендарниот фудбалер на Барселона веќе две години е во Катар, и сака да биде селектор на репрезентацијата на оваа земја на Светското првенство во 2022 година. Домаќин на овој мундијал ќе биде токму Катар.

„Во Катар сум за да им помогнам на фудбалерите да напредуваат и да бидат подготвени да се натпреваруваат со останатиот дел од светот. Имам амбиција да станам тренер, а за мене би бил одличен потег да соберам искуство на клупата на Катар. Добро го познавам националниот тим и реалните состојби на фудбалот во таа земја“, изјави Чави за шпанскиот весник „Марка“.

Чави цели 17 години играше за Барселона, со клубот ги освои сите можни трофеи, а и со репрезентацијата на Шпанија има две титули европски првак и една титула светски првак.

Се вчитува...