Легендарниот Дел Али ја помина пробата: Утре потпишува за Комо

Легендарниот фудбалер на Тотенхем, 28-годишниот Деле Али кој неодамна играше и полуфинале во Лигата на шампионите, сега е играч кој мораше да мине проба за да потпише договор со клуб. Но, успеа.

Али изминатиот месец тренираше со Евертон за да ја одржува физичката подготвеност, а потоа беше на проба во италијанскиот Комо за да ја мине истата и конечно утре, според најавите, ќе стави потпис на договорот со Комо.

Шпанецот Сеск Фабрегас, кој е тренер на Комо, истакнал дека на тимот му е неопходен играч од калибарот на Деле Али.

Се вчитува...