Легендарниот Џерард ќе му биде тренер на Дарко Велковски!?

Еден од најдобрите играчи на Англија во 21. век Стивен Џерард најверојатно ќе ја прифати понудата од Саудиска Арабија да биде тренер на Ал-Етифак, тимот во кој настапува македонскиот репрезентативец Дарко Велковски.

Џерард би требало да се врати на работа после минатата година, кога доби отказ од Астон Вила и беше заменет со Унаи Емери кој успеа да направи супер работа.

Претходно Џерард го водеше тимот на Глазгов Ренџерс, со кој во 2021 година ја освои титулата во Шкотска после девет титули на Селтик.

За Џерард да му биде тренер на Велковски, треба најпрво англиската легенда да ја прифати работата, а потоа и Македонецот да остане дел од оваа екипа.

Се вчитува...