Легендарниот фудбалер на Англија не отстапува од својата амбиција – Тери сака да биде прв тренер

Легендарниот фудбалер на Челси и на Англија, Џон Тери, би можел да го наследи моменталниот кормилар на Нотингем Форест, Крис Хатон. Тој веќе подолго време работи на тренерската кариера и посакува да биде прв човек на клубот.

Тери неодамна се повлече од функцијата на асистент во стручниот штаб на Астон Вила, решен да се испроба како прв тренер во клуб на „островот“.

„Чекам можност за ангажман, идејата беше да се повлечам и да поминам една година со фамилијата. Помина месец од новата сезона. Сигурен сум дека ќе се отвори простор за работа. Сите знаат дека ја сакам Астон Вила, но, сакам да бидам прв тренер“, потенцираше Тери.

Се вчитува...