Легендарниот Италијанец пред сензационален трансфер

Легендарниот италијански фудбалер Марко Верати кој 11 години настапуваше за ПСЖ пред во 2023 година да се пресели во Катар е блиску до нов „егзотичен“ трансфер, овој пат во редовите на аргентинскиот великан Бока Јуниорс.

Таму 33-годишникот ќе им се приклучи на поранешните соиграчи од редовите на парискиот клуб Едисон Кавани, Андер Херера и Леандро Паредес, кои го наговараат да им помогне во амбициозниот клуб.

Верати е високо на трансфер листата на претседателот Рикелме кој на него гледа како идеално засилување за амбициозното враќање во Копа Либертадорес во 2026 година.

Реализацијата на трансферот сепак не зависи само до Верати и Бока, туку и од неговиот сегашен клуб Ал Духаил на кој Аргентинците ќе треба да му исплатат голема отштета.

Се вчитува...