Легендарниот Клаудио Раниери се враќа во Премиер-лигата

Италијанскиот стратег Клаудио Раниери ги договори условите со тимот на Вотфорд и наскоро ќе биде промовиран за нов менаџер. Тој ќе дојде на местото на Чиско Муњоз кој заработи отказ од позицијата по неколкуте лоши резултати во Премиер-лигата.

Раниери лани работеше во Сампдорија, но не остана на клупата поради несогласувања со сопственикот Масимо Фереро. Италијанецот имаше неколку понуди, но ја чекаше вистинската. Се враќа во Англија, каде своевремено направи чудо и со Лестер стигна до титулата во Премиери-лигата, а работеше и во Челси и Фулам.

Искусниот стручњак своето деби на клупата на Ватфорд ќе го има веднаш по репрезентативната пауза, кога во Лондон ќе гостува тимот на Ливерпул.

Се вчитува...