Некогашниот англиски репрезентативец и сегашниот менаџер на новиот премиерлигаш Ковентри, Френк Лампард е многу блиску до потпишување на нов договор.
Човекот кој успеа да се пласира во „елитата“ како шампион во Чемпионшип, заработи нов договор што клубот веќе го подготви за него и само е прашање на време кога сè ќе биде официјално.
Според моменталниот договор, Лампард има уште една година од договорот, па затоа во Ковентри не сакаа ништо да остават на случајноста.
Тимот е во фаза на изградба за сезоната во Премиерлигата. Ќе има нови играчи, се со цел тимот да го осигура елитниот статус во идната сезона во Англија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
