Легендарниот Луис Скола на 38 години ќе игра во кинески Шангај

Легендарниот аргентински кошаркар Луис Скола кариерата ќе ја продолжи во кинескиот Шангај шаркс. 38-годишниот крилен центар потпиша договор со Кинезите за уште една сезона останување на Далечниот Исток.

Минатата сезона Скола играше во дресот на Шанџи драгонс во Кина со просек од 27,8 поени и 13,7 скока по натпревар. Иако се очекуваше да се врати во Аргентина тоа на крајот не се случи и ја прифати понудата на Шаркс.

Скола сериозната кошаркарска кариера ја почна во шпанската Тау Керамика каде настапуваше од 1998 до 2007 година, а потоа продолжи во НБА каде играше за Хјустон, Феникс, Индијана, Торонто и Бруклин.

Се вчитува...