Легендарниот Ману Џинобили заминува во пензија

Бекот на Сан Антонио спарс, Ману Џинобили, објави дека ја завршува својата 23-годишна професионална кариера. Тој цели 16 години го носеше дресот на Сан Антонио и освои четири шампионски титули во најсилната кошаркарска лига во светот. Аргентинецот ја заокружува кариерата со ефект од 762 победи и 295 порази, што е најдобар процент на успешност во историјата на НБА од сите играчи кои одиграле најмалку 1.000 натпревари.

Џинобили беше избран од Сан Антонио како 57.пик на драфтот во 1999 година и одигра вкупно 1.057 мечеви, остварувајќи просек од 13,3 поени, 3,8 асистенции, 3,5 скока и 1,3 украдени топки. Тој оигра 218 плејоф натпревари, со просек од 14 поени и четири скока. Џинобили заедно со Леброн Џејм се единствените кошаркари кои најмалку 3.000 поени и 300 постигнати тројки во НБА плејофот. Тој двапати беше дел од олстар-мечевите, а во 2008 година беше избран за најдобар шести играч во НБА – лигата.

Се вчитува...