Легендарниот Русин се подготвува за крај на кариерата – потпиша за руски прволигаш

Тимофеј Мозгов ќе остане запомнет како еден од најдобрите руски центри во историјата на тамошната кошарка. 216 сантиметри високиот кошаркар зад себе има блескава кариера на која и се ближи крајот откако попиша договор со Руна Баскет, тим од Суперлигата на Русија.

Мозгов кариерата ја започна во Санкт-Петерсбург, а врвот го достигна во 2010 година кога од Химки се пресели во НБА лигата. Во најсилната кошаркарска лига помина осум години, период во кој промени пет клуба, Њујорк, Денвер, Кливленд, Лејкерс и Бруклин, освојувајќи ја шампионската титула рамо до рамо со Леброн Џејмс.

Во Лос Анџелес заработи и договор вреден 64 милиони евра за четири години, но се задржа само една. По крајот на кариерата „преку барата“ се врати во Евролигата и го носеше дресот на Химки две сезони.

Се вчитува...