Легендата на Арсенал: Поради коцка, алкохол и дрога сакав да се самоубијам

Пол Мерсон, легедената на Арсенал чии бои ги бранеше од 1985 до 1997 година денеска има 53 години и во разговор за „BBC“ говореше за проблемите кои ги имал со коцката, алхоколот и дрогата.

Имено, Мерсон вели дека во младоста конзумирал многу алхокол и дрога, прокоцкал околку осум милиони евра, станови и автомобили, а дел од овие проблеми со бори и денеска.

„Кога ќе погледнам наназад парите не се нешто за што се каам. Бев милионер и сакав да се самоубијам. Се каам поради времето кое го загубив. Бев зависен од алкохол и кокаин, а најмногу ме уништуваше коцката. Со неа се борам и ден денеска. Коцката е секогаш тука. Таа константно те чека и постојано разговара со тебе. Најстрашно е дека знаеш кој е единствениот исход, но не можеш да запреш“, изјави Мерсон.

Во својата кариера покрај Арсенал, Мерсон настапуваше и за Брентфорд, Миделсборо, Астон Вила, Портсмут и Валсал, a денеска работи како аналитичар.

Се вчитува...