Легенда на Арсенал удри по клубот – Што ќе ни е Вилијан?

Брaзилскиот интернационалец, Вилијан во летниот трансфер рок пристигна во Арсенал од редовите на градскиот ривал, Челси како слободен играч, но игра на ниво кое е далеку од очекуваното.

На 15 одиграни средби во Премиерлигата има само три асистенции и тоа сите на дебито за „топџиите“, учинок кој што е лош за некој кој неделно заработува 220 илјади фунти, па искусниот играч и спортскиот директор на клубот, Еду Гаспар се најдоа на жестока критика од страна на легендата на клубот, Тони Адамс.

„Зошто е доведен Вилијан? Доколку е доведен само поради искуството да го пополни играчкиот кадар, која е поентата? Често нагласувам дека Еду е неискусен и премногу се потпира на менаџерите. Затоа ги имаме Вилијан и Седрик кој ги застапува истиот човек“ – изјави Адамс.

Според поранешниот англиски репрезентативец, Арсенал треба да се осврне на играчите од својата младинска школа.

„Имаме толку млади играчи кои се пробиваат и не ја гледам поентата да се носат други. „Дупките“ во тимот треба да се пополнуваат со млади, а не да го носите Вилијан на тригодишен договор. Таквото размислување не води никаде и тоа е лош начин на работење. Доколку планирате клубот да освои титула, ќе ги форсирате младите кои имаа добра иднина“ – додаде легендата на „топџиите“.

 

 

Се вчитува...