Џуд Белингем сезонава игра одлично во својата прва сезона како член на Реал Мадрид. Играчот од средниот ред, кој добива офанзивна улога, е најдобар стрелец на „кралеите“ моментално, и најзаслужен што екипата е во добра форма и во Ла Лига, и во Лигата на шампионите.
Иако многумина фудбалски ѕвезди се воодушевени од играта на Белингем, сепак, бугарската легенда и екс фудбалер на Барселона, Христо Стоичков не се согласува.
„Тој е еден од најголемите таленти во светот, мешавина од Лаудруп, Кака и Погба во најдобрите денови. Иднината е пред него. Сигурно ќе се бори со Мбапе и Халанд за следната Златна топка. Но, сакам да знам што освои во 2023 година во Борусија Дортмунд или Реал Мадрид? Ништо!“, нагласува Стоичков и додава:
„Каков успех на клубот донесоа неговите голови? Сакате ли да зборуваме што се случи во последната сезона кога Борусија прокоцка два бода предност од Баерн. Тухел го воведе Мусиала кој постигна гол и донесе титула, а Борусија не можеше да го победи Мајнц дома и поради тоа ја загуби титулат“, истакна Бугаринот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА