Легендата на Челси и Англија се согласи да игра во Чемпионшип, Челси останува без Кејхил

Долгогодишниот англиски репрезентативец и поранешен капитен на Челси, Гери Кејхил одлучи да ја прифати поканата на второлигашот Борнмаут на 35-годишна возраст.

Кејхил играше за Кристал Палас последните две сезони, но по истекот на договорот не успеа да се договори за продолжување на соработката. Затоа, како слободен играч, ја прифати поканата на Скот Паркер да му помогне на Борнмаут во борбата за враќање во Премиер лигата.

„Секогаш добро се сложував со менаџерот, играв со него и имавме добри односи. Ми нагласи што се обидува да постигне тука“, рече Гери Кејхил.

Според Кејхил, пристигнувањето во Борнмаут е идеално време за продолжување на неговата кариера.

„Чувствувам дека ова е најдоброто место за мене во оваа фаза од кариерата. Сакав мотив и нешто што ќе ме предизвика. Имав среќа да играм во Премиер лигата долго време, поминаа 17 години од последното учество во шампионатот, но видов можност да се вклучам во ова интересно патување“, заклучи Кејхил.

 

 

 

 

Се вчитува...