Паспаљ: Разочаран сум… Челниците на АБА мора да го сопрат овој срам кој му се случува на регионот

Легендарниот кошаркарски репрезентативец на Југославија, Жарко Паспаљ говореше за финалето во АБА лигата меѓу Црвена Звезда и Будуќност, кое што помина во тензична атмосфера. Во интервјуто за црногорскиот „Вијести“, Паспаљ потенцира дека е разочаран од случувањата во финалната серија во регионалното натпреварување.

„Во целата приказна влегов со голема желба и со голема волја, да ја претставувам АБА лигата како што се претставував себе и тоа што го сакам најмногу, кошарката. Немаше да ја стекнам репутацијата која што ја имам, да не и приоѓав на кошарката на таков начин, сосема искрено, последните 30 години. Затоа и бев поставен за амбасадор. Но, тоа што се случуваше во финалето не сакам да го коментирам“, рече Паспаљ. 

Тој говореше дека ништо нема да се промени се додека челниците на Евролигата не пронајдат желба да ја спречат срамотата што се случува во регионот.

„Така ќе биде се додека раководните лица на Евролигата не пронајдат желба и волја да го сопрат тоа. Втората опција е на челниците во Евролигата сето тоа да им здосади, бидејќи е срамота за кошарката. Нема да коментирам што било и како било, но решение мора да се најде“, дополни Паспаљ. 

Тој е разочаран од се што се случуваше во финалната серија, но истакна дека врвот на АБА лигата завршил одлична работа во текот на сезоната.

„Поминав година дена со луѓето кои го водат натпреварувањето и презадоволен сум од тоа како работат. Посебно сум задоволен од судењето и од комесарите“, заврши Паспаљ. 

Жарко Паспаљ со репрезентацијата на Југославија има две олимписки сребра од Сеул 1988 и Атланта 1996, едно светско злато од Аргентина 1990, како и три евопски титули од Југославија 1989, Италија 1991 и Грција 1995 година.

Се вчитува...