Легендата на Јунајтед: Арсенал нема да биде шампион, нема да биде ниту втор…

Некогашниот англиски репрезентативец и поранешен капитен на Манчестер Јунајтед Гери Невил, тврди дека Арсенал не само што нема да ја освои титулата, туку нема да биде ниту вице-првак.

Избраниците на Микел Артета вчера го победија Тотенхем на гости, и така ја зголемија предноста на првото место од +8 од конкурентот Манчестер Сити, кој претходно загуби од Манчестер Јунајтед.

Меѓутоа Невил смета дека тоа нема да биде доволно за титулата по долго време да се врати во црвениот дел на Лондон.

„Знам дека со ова ќе ги изнервирам навивачите на Арсенал, но тој тим нема да ја освои титулата. Манчестер Сити повторно ќе биде првак, а Манчестер Јунајтед ќе заврши како второпласиран“, кажа Невил, и потоа додаде.

„Своевремено реков дека и Лестер нема да ја освои Премиер-лигата“, рече тој.

Арсенал сега пред себе има два дуели со тимовите од Манчестер. Најпрво на 22. јануари во Лондон го дочекува Јунајтед, а потоа на 27. јануари оди на гости кај Сити.

Се вчитува...