Легендата на Јувентус: Јас и Буфон не сме проблем

Смената на генерации во Јувентус е веќе започната, но „Старата дама“ во своите редови се уште ги има легендите на клубот, Џорџо Кјелини и Џиџи Буфон кои со 36, односно 43 години се едни од последните играчи од „старата“ генерација која владееше со италијанскиот фубал.

Договорите на легендите на клубот завршуваат на крајот на оваа сезона, а досега не се започнати преговори за продолжување на соработката. За целата ситуација пишуваа и тамошните медиуми кои наведоа дека постои проблем во релацијата клуб – ветерани, но ваквите гласини остро ги исфрли капитенот на составот.

„Во текот на репрезентативната пауза беше претставено дека има проблем со продолжување на нашите договори. Тоа не е вистина. Тој проблем не постои. Ние никоаш не сме биле проблем, ние не сме проблем и никогаш нема да бидеме проблем“, изјави Кјелини.

Се вчитува...