Легендата на клубот повторно дел од Вест Хем

Легендата на Вест Хем Јунајтед, Марк Нобл во новата година се враќа во клубот каде ќе ја извршува функцијата на спортски директор, потврди премиерлигашот. Истата Нобл ќе ја превземе на 2. јануари 2023 година.

Фудбалерот кој 18 години настапуваше во дресот на „чекичарите“, притоа одигра 550 настапи за првиот тим не го криеше задоволството од враќање на добропознатото место.

„Чувствувам дека ова е голема можност да продолжам да допринесувам на клубот и притоа да помогнам на повеќе полиња. Ветувам дека ќе дадам се од себе“, изјави Нобл.

 

Се вчитува...