Легендата на ММА: Останав без едно око, го загубив идентитетот (ВИДЕО)

Британскиот ММА борец Мајкл Биспинг зад себе има успешна кариера, успевајќи да стигне до својата крајна цел – шампионскиот појас на УФЦ.

Сепак, дури по завршувањето на неговата славна кариера, јавноста се запознаена со фактот дека во последните ММА настапи борецот од Манчестер остана целосно слеп на едното око.

„Најтешко беше менталниот аспект – штотуку се преселив во САД и ми требаа пари. Поминував низ депресија, пиев многу затоа што ништо не можев да направам. Целиот идентитет ми беше одземен. Се чувствував одлично физички, но не можев да добијам дозвола да се борам без едно око. Имав проблеми во секојдневието – ако сакав да посегнам по нешто, ќе подадев рака, но бидејќи не гледам со едно око, имав лажна перцепција. Така беше и додека тренирав – не можев добро да ги насочам ударите. Беше тешко да се прилагоди на новите услови. Во тој период мојата сопруга Ребека многу ме сакаше и ме поддржуваше“, изјави 43-годишниот Мајкл Биспинг, единствениот британски шампион во историјата на УФЦ.

Мајкл Биспинг во својата кариера постигна скор од 30 победи (18 КО, 2 поднесоци) и 9 порази во средна (до 84 кг) и полутешка категорија (до 93 кг), а најголемиот успех го постигна во 2016 година, кога го освои појасот на УФЦ шампионатот во средна категорија победувајќи го Лук Рокхолд.

 

 

 

 

 

Се вчитува...