Легендата збесна: Може ли Јунајтед да падне уште пониско?

Срамното издание на гостувањето против Брентфорд и поразот од 4-0 ја шокираше англиската фудбалска јавност. Долгогодишниот капитен на „црвените ѓаволи“, Гери Невил, беше еден од најголемите оптимисти околу враќањето на Јунајтед на победнички патеки по доаѓањето на Ерик тен Хаг, па екс-дефанзивецот кој сега работи како ТВ-аналитичар жестоко ги нападна сите во клубот, почнувајќи од сопствениците од САД.

„Не можам да верувам, во САД постои семејство што допушта нивните запослени да ги трпат сите удари наместо нив. За тоа нема простување. Џо Глејзер утре мора да се качи во авион, да слета во Манчестер и да се соочи со проблемите. Мора да го каже она што сите го мислиме: Што по ѓаволите се случува со Манчестер Јунајтед. Може ли овој клуб да падне уште понско“, истакна Невил.

Тој воопшто не беше „нежен“ ниту кон фудбалерите, обвинувајќи ги за недоволна заинтересираност на теренот.

„Манчестер Јунајтед под водство на последните три тренери покажа дека има играчи кои не работат напорно како фудбалерите против кои што играат. Не знам колку пати имаме повторено – напорната работа го победува талентот ако талентот не работи напорно. Јунајтед се мачи 12 месеци, изгледа бавно и без самодоверба, но денеска е допрено ново дно. Кога мислите дека нема подолу, Манчестер Јунајтед го докажува спротивното, реалноста е дека ова е многу, многу лошо“, реален е Гери Невил.

Се вчитува...