Вилјареал пред испаѓање – Казорла промаши пенал, па се расплака

Легендата на Вилјареал, Санти Казорла промаши пенал во 89. минута на натпреварот од 31. коло во Ла лига, при резултат 2-1. „Жолтата подморница“ не успеа трет натпревар по ред да слави, со што падна на 18. позиција на првенствената табела, со сериозна опасност за испаѓање од елитното друштво.

Колку го потресе Казорла промашениот пенал, се виде по натпреварот. Тој остана во тунелот, седејќи сам во аголот не можејќи да ги сопре солзите по пеналот кој можеше да донесе злато вреден бод за тимот.

Се вчитува...