„Фред и Мектоминеј немаат интелигенција за да играат за Манчестер Јунајтед“

Манчестер Јунајтед потфрли на почетокот на новата сезона во Премиерлигата. „Црвените ѓаволи“ доживеаа срамен пораз од Брајтон на „Олд Трафорд“ по што следеа жестоки критики во јавноста. Дел од нив доаѓаат до Ерик тен Хаг за улогата на Кристијано Роналдо, но дел и за фудбалерите кои беа од првата минута на теренот.

Таков беше и коментарот на Рој Кин за играчите за врска. Според легендата на клубот Фред и Мектоминеј не се вистинскиот избор и не можат да го доведат тимот до битка за титула бидејќи немаат доволно фудбалска интелигенција.

„На играчите за врска им недостасува фудбалска интелигенција. Посебно на Фред. Говорам за тоа веќе подолго време. Фред и Мектоминеј едноставно не се доволно добри. Тие не треба да играат за Манчестер Јунајтед, тие нема да го одведат тимот во борба за врвот. Од недела во недела гледаме дека не се доволно добри, едноставно не се дораснати за предизвикот“, изјави Кин кој потоа продолжи за Кристијано Роналдо:

„Не смее да му се дозволи на Роналдо да мине од клубот, а по него да бидеме уверени дека Марсијал е одговор за напаѓачкото место. Едноставно не е. Имаше пристојна претсезона, но што потоа?“

Се вчитува...