Легендите на Јунајтед за играта на Манчестер: Средниот ред е смешен

Манчестер Јунајтед повторно ги разочара своите навивачи, откако денеска беше поразен од Брајтон на отворањето на Премиерлигата. Избраниците на Тен Хаг беа поразени со 1-2 на првиот меч, а играта на Јунајтед, особено во првиот дел беше очајна.

Иако во вториот дел нешто се подобри, сепак, тоа беше далеку за некој подобар резултат. Легендите на Јунајтед Пол Сколс и Рој Кин, не штедеа критики кон својот некогашен тим.

„Шокантен старт, особено првиот дел беше хаотичен. Од првата минута се знаеше дека не е добро. Мектомини цело време се обидуваше да трча со топката, тоа е смешно. Квалитетот на средината на теренот е очаен. Тој квалитет на средината не е доволен, но тоа го гледаме години наназад со ова дуо Мектомини со Фред. Фред цело време губи топки, Мектомини сака да оди со неа во простор, и секогаш ја  губи. Па, додавај на најдобрите играчи!. Тоа не е тешко“, рече Пол Сколс. 

Рој Кин, се согласува со Сколс.

„Недостаток на вистински одлуки и фудбалска интелигенција на средината, особено Фред. Веќе долго време зборувам за тоа. Фред и Скот не се добри. Нема да го вратат Манчестер на врвот“, јасен е Кин. 

Се вчитува...