Легендите на Манчестер почнаа да го критикуваат Оле – „Солскјер па зошто го направи тоа?“

Поранешниот голман и легенда на Манчестер јунајтед, Питер Шмајхел го критикуваше тренерот на „црвените-ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер за неговата тактика во поразот од Јанг Бојс од 2-1 во 1. коло од Лигата на шампионите.

„Секогаш можеме да поставиме прашање за составот, но во овој случај, кога во недела ве очекува меч со Вест Хем, а го играте првиот натпревар во Лигата на шампионите, зошто не играте со најдобриот тим? Единствено нешто што треба да направите е само да победите на тој меч. Тој ги вади Роналдо и Фернандеш, а ние како навивачи сакаме да ги гледаме на теренот. Не ми е јасно зошто го прави тоа“, изјави Шмајхел. 

Оле Гунар Солскјер има катастрофален учинок кога се во прашање натпреварите во Лигата на шампионите, бидејќи во 11 меча кога го водел Јунајтед има забележано дури седум порази.

Се вчитува...