Лејкерс го доби „класикот“ со Бостон, Дончиќ не може сам против Бруклин (ВИДЕО)

Изминатата ноќ во НБА лигата се одиграа три натпревари. Лос Анџелес Лејкерс го доби „класикот“ против Бостон Селтикс со 117-102.

Леброн Џејмс со 30 поени беше прво име во таборот на победникот, додека Вестбрук уфрли 24. Кај поразените недоволни беа 34 поени на Џејсон Тејтум.

Во крајно интересен натпревар Бруклин славеше на гостувањето кај Далас со 99-102. Дјурант со 24 и Харден со 23 поени беа предводници на Нетс, додека кај поразените недоволни беа 28 поени на Лука Дончиќ.

Во последниот натпревар од вечерта Њујорк Никс славеше на гостувањето кај Сан Антонио со 109-121.

Се вчитува...