Лејкерс и без Леброн подобри од Голден Стејт (ВИДЕО)

Лос Анџелес лејкерс врза две последовни претсезонски победи над НБА шампионот, Голден Стејт. Во дуелот во кој тимот од „градот на ангелите“ беше без најголемата ѕвезда, Леброн Џејмс, првакот беше доминантен во првото полувреме, но потоа Лејкерс ја презедоа контролата, добивајќи ја третата четвртина со 32-16, а постигнаа и 33 поени во завршниот сегмент со што дојдоа до триумфот од 119-105.

Свјатослав Михалик беше прв стрелец во победничкиот состав со 22 поени, Кајл Кузма постигна 19. Клеј Томпсон ја предводеше листата стрелци кај Голден Стејт со 21 поен, Кари и Џонс постигнаа по 16 поени.

За двата тима ова беа последните претсезонски натпревари, стартот на лигата е на 17 октомври.

Се вчитува...