Лејкерс лесно со Атланта, Никс подобри од Голден Стејт (ВИДЕО)

Изминатата ноќ во НБА лигата се одиграа осум натпревари. Лос Анџелес лејкерс се врати на победите откако без поголеми проблеми на домашен терен славеше над Атланта Хоукс.

Дианџело Расел со 27 поени беше прво име кај „езерџиите“, а одлични беа и Леброн Џејмс кој заврши со 25 поени, како и Ентони Дејвис кој запиша 22 поени. Кај поразените Џејлен Џонсон постигна 25 поени.

Њујорк никс успеа да слави на гостувањето во Сан Франциско кај Голден Стејт вориорс со 112-119. Џејлен Брансон со 34 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените недоволни беа 27 поени на Стеф Кари.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Индијана – Кливленд 103-108, Филаделфија – Мајами 98-91, Бостон – Детроит 119-94, Чикаго – Портланд 110-107, Јута – Минесота 104-114 и Сакраменто – Мемфис 121-111.

Се вчитува...