Лејкерс назначија нов тренер, веднаш се огласи и Леброн

Откако имаа сезона за заборав, ЛА Лејкерс именуваа нов тренер. На клупата на тимот од Лос Анџелес доаѓа Дарвин Хем. Хем од идната сезона ќе го замени Франк Вогел кој доби отказ после лошата сезона, иако освои една титула.

Хем има 48 години, а досега беше дел од стручниот штаб на Милвоки, со кој освои шампионски трофеј. Практично нему ова ќе му биде „кам-бек“ во Лејкерс, откако беше помошник во овој тим од 2011 до 2013 година, а работеше и во Атланта.

Веднаш по назначувањето на новиот тренер, се огласи и првата ѕвезда на тимот, Леброн Џејмс.

„Многу сум возбуден. Честитам и добродојде за тренерот Д Хем“, напиша Џејмс на „Твитер“.

Се вчитува...